На состанокот на Народното Собрание на ден 19.01.2019 година, Водици, донесени се Одлуки за доставување ИТНИ БАРАЊА до СБ и ГС на ООН

На состанокот на Народното Собрание на Република Македонија одржано на ден 19.01.2019 година, Водици, е донесена Одлука за доставување ИТНО БАРАЊЕ до Генералниот секретар на ООН и Советот за безбедност на ООН, и одлука за барање посебно до Русија, Кина и Турција за спречување на нелегитимната извршена промена на уставното име и рушење на суверенитетот и интегритетот на Репубика Македонија, спротивно на меѓународното право.

Следниве декрети се испратени до ГС и СБ на ООН и до релевантните институции во Руската Федерација, Кина и Турција.

Декрет Бр. 9

БАРАЊЕ ДО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ООН

Во име на Народното собрание на Република Македонија, постапувајќи по Заклучокот од заседанието на Народното собрание од 12.01.2019 година, за операционализација на Декларацијата на Македонскиот народ за неговите Црвени линии и Стратегија за  Зачувување на Името на Република Македонија и на Македонскиот Идентитет, Јазик, Историја и Култура (од 8-ми септември, 2018 година и следствената потврда и легитимизација од Македонскиот народ кој на 30-ти Септември 2018 го порази Референдумот за преименување), ДОНЕСЕ ОДЛУКА за продолжување на членството на Република Македонија во ООН под уставното име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

И истовремено донесе Одлука за доставување ИТНО БАРАЊЕ до Генералниот секретар на ООН и Советот за безбедност на ООН, за спречување на нелегитимната извршена промена на уставното име и срушен суверенитет и интегритет на Репубика Македонија, спротивно на меѓународното право.

Декрет Бр. 10

БАРАЊЕ ДО СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ООН

Во име на Народното собрание на Република Македонија, постапувајќи по Заклучокот од заседанието на Народното собрание од 12.01.2019 година, за операционализација на Декларацијата на Македонскиот народ за неговите Црвени линии и Стратегија за  Зачувување на Името на Република Македонија и на Македонскиот Идентитет, Јазик, Историја и Култура од 8-ми септември, 2018 година и следствената потврда и легитимизација од Македонскиот народ кој на 30-ти Септември 2018 го порази Референдумот за преименување, ДОНЕСЕ ОДЛУКА за прекин на разговорите/ преговорите за наметнатиот спор со името, што со т.н. Спогодба од Нивици и наложените промени на УСТАВОТ го менуваат не само името на државата Република Македонија туку го  укинува:

  1. Признаеното право на ,,самоопределување, кое е воедно и црвената линија на Македонскиот народ, и тоа право не може и не смее ниту еден акт, ниту еден поединец и ниту една власт или држава да го поништи.“
  2. Меѓународно признаениот статус на Македонскиот народ како државотворен субјект, а се признава право и статус на албанскиот народ за втор државотворен субјект на Република Северена Македонија и
  3. Се укинува идентитетот и суверенитетот на државата и фактички се реконституира Република Македонија во двонационална држава.

Ве предупредуваме дека со наложените уставни промени се ревидираат резултатите на Антифашистичката војна 1940-45, како и темелните одредби на Париската Мировна Конференција, соодветно и на Конференцијата за Европска Безбедност, што може да предизвика страотни последици по регионалната безбедност.

Декрет Бр. 11

БАРАЊЕ ДО ТУРЦИЈА И ЧЛЕНКИТЕ НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ООН, РУСИЈА И КИНА

Ја поздравуваме Одлуката на Руската Федерација и ставовите на Турција по прашањето за Спогодбата од Нивице и бараме наложените промени на Уставот Русија и Кина да ги постават за разгледување во Советот за Безбедност, и, бараме Турција да го подржи во Генералното Собрание на ООН гласањето за продолжување на членството под уставното име, Република Македонија.

Во име на Народното собрание на Република Македонија, постапувајќи по Заклучокот од заседанието на Народното собрание од 12.01.2019 година, за операционализација на Декларацијата на Македонскиот народ за неговите Црвени линии и Стратегија за  Зачувување на Името на Република Македонија и на Македонскиот Идентитет, Јазик, Историја и Култура (од 8-ми септември, 2018 година и следствената потврда и легитимизација од Македонскиот народ кој на 30-ти Септември 2018 го порази Референдумот за преименување), ДОНЕСЕ ОДЛУКА (Декрет Бр. 9) за продолжување на членството на Република Македонија во ООН под уставното име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и ДОНЕСЕ ОДЛУКА (Декрет Бр. 10) за прекин на разговорите/ преговорите за наметнатиот спор со името, што со т.н. Спогодба од Нивици и наложените промени на УСТАВОТ го менуваат не само името на државата Република Македонија туку го  укинува: