Народното Собрание на сите рамништа внатре и меѓународно ќе ги застапува и брани националните и државните интереси на суверенот, Македонскиот Народ, врз основа на следните Македонски Државнички принципи на 4тата Македонска Република!
Основни и Темелни Принципи на Народното Собрание
- Македонија Пред Се, Македонија на Македонците Како Држава на Македонскиот Народ!
- Негување, заштита и промоција на Македонската државност, нација, идентитет, економија, култура, историја и традиција!
- Македонија ќе го штити својот народ и својата територија од секаква внатрешна и надворешна опасност!
- Стратешки, политички, економски и безбедносни сојузи само во свој Македонски интерес!
- Остварување меѓународна соработка базирана на взаемно почитување на слободната воља и суверенитетот на нациите!
- Градење на глобално конкурентна мешан модел економија со јавни и приватни инвестиции и со социјална одговорност!
- Економска, национална и лична слобода за секој човек во Македонија!
- Социјална и здравствена заштита достапна за секој жител!
- Модерно и современо образование во Македонски дух и традиција!
- Промоција на Македонскиот академски, културен, спортски и уметнички раст до светско ниво!
10те принципи на Македонската државност Народното Собрание ќе ги преточи во Новиот Устав и во програмите за сите сфери на државата како што се економијата, меѓународните односи, одбраната и безбедноста, здравството, образование, култура итн.
Ова ќе биде спроведено од предложените страна на Македонскиот Народ врвни истакнати професионалци, професори, општествени и јавни личности и обични граѓани кои достојно и со гордост ќе ја спроведат оваа историска улога и должност која и беше дадена на нашата генерација Македонци. Нивните имиња ќе бидат објавени само во моментот на конституирањето на Народното Собрание и во момент кој ќе зависи од околностите и дали Македонскиот Народ ќе може да си ја спаси државноста и суштествувањето преку итни избори на кои анти-државните пост-изборни програми ќе бидат ставени на демократски тест. Во спротивно, Народното Собрание ќе биде подготвено во секој момент да ја преземе власта во Македонија и да обезбеди континуитет на државата.
Македонската јавност ќе биде навремено информирана за сите активности околу конституирањето на Народното Собрание кое својата легитимност ја црпи од изворниот народен суверенитет од протестите против уништувањето на Македонската основа на нашата држава и од милионот изборно изманипулирани и сега од никого непредставувани изборни гласови кои беа излажани со пост-изборни предавнички платформи кои никогаш не биле предмет на демокатска изборна проверка.
Иницијативен Одбор и Секретаријат на Народното Собрание во формирање. 16-ти Март 2018.