Со Огромна Народна Подршка Народното Собрание Почнува со Преземање на Власта од Нелегитимната Хунта. Повик до Институциите да се Стават под Авторитетот на Народната Власт.

До Македонскиот Народ

Иницијативниот Состав на Народното Собрание ги споделува со вас добиените итни повици за свикување на Народното Собрание доставени од стотици невладини организации, стотици илјади граѓани на Република Македонија, представници на Македонците привремено вон границите на нашата татковина, групи патриоти представници од сите Македонски институции вклучително и безбедносните сили на РМ како и од групи патриоти кои се самоорганизираат за одбраната на Македонија од предавничката нелегитимна окупаторска Хунта!

Врз основа на овие барања на Македонскиот Народ и подготвителните работи извршени во претходниве месеци, разработената програма, стратегија и план за нејзино спроведување, и извршените јавни консултации со Македонскиот Народ, Народното Собрание ќе го комплетира формирањето до 31ви Декември 2018 и почнува активно да делува и да ја презема власта од нелегитимните институции од 1ви Јануари 2019. За ова ќе бидат информирани светските фактори од организациите ООН, ЕУ, НАТО, Евроазиската Унија, ШОС, до сите држави во светот, вклучително, САД, Русија, Кина, Турција итн.

За таа цел Иницијативниот Состав на Народното Собрание ги објавува следниве повици да бидат испочитувани до 31ви Декември бидејќи од 1ви Јануари формираното Народно Собрание ќе издава ДЕКРЕТИ со ИЗВРШНА СИЛА! Секое непочитување на повиците а потоа и декретите на Народното Собрание за спречување на анти-уставните активности ќе бидат НАЈСТРОГО КАЗНЕТИ според сегашните закони, или, уште полошо за неизвршителите, според идните закони кои ќе бидат МНОГУ ПОСТРОГИ!

ГИ ПОВИКУВАМЕ!

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да:

  • стави крај на на рушењето на уставот од нелегитимното собрание и врз основа на гаранцијата да го распушти собранието и да воведе вонредна состојба
  • да го иницира процесот за продолжување на членството во ООН под уставното име, Република Македонија

Нелегитимниот состав на собранието:

  • да се распушти и да објави избори

Институциите и безбедносните сили:

  • да откажат послушност на нелегитимната Хунта и да се стават под авторитетот на Народното Собрание

И најважно, го повикуваме Македонскиот Народ да даде масовна подршка и легитимитет на новата власт и преку делување на терен и преку социјалните мрежи и интернет страницава на Народното Собрание (напишете во коментар подолу или овде на мејл: Секретаријат на Народното Собрание). Ги повикуваме да не контактираат и други патриоти од институциите и безбедносните сили, неофицијалните одбранбени сили во формирање, Македонците привремено во странство, представници на пошироката меѓународна заедница, и, администрацијата на Претседателот Иванов.

 

Македонија Вечна!

Техничкиот Секретаријат на Иницијативниот Состав на Народното Собрание на Република Македонија

23ти Декември 2018

 

Редактирани извадоци од повиците за формирање на Народно Собрание и народна легитимна власт

Од стотици организации и поединци во Македонија, еден извадок:

НИЕ, потписници на ПРОГЛАСОТ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА ОТПОРОТ од 18. Декември 2018 г.:

Одѕивајќи се на повикот масовните и величенствени протести на Македонците,

– Повинувајќи се на народниот налог од достоинствениот масовен Бојкот на референдумот,

Согледувајќи ги антиуставните и незаконските чекори на одродените парламентарци;

– Решени да ги прекинеме антимакедонските, антиевропските и антицивилизациските дејанија на нелегитимната власт, донесовме одлука за

СВИКУВАЊЕ НА ВРЕМЕНОТО НАРОДНО СОБРАНИЕ

Кое во име на врвните државно-национални интереси ЌЕ СЕ РАКОВОДИ од  волјата и решеноста на македонскиот народ, изразена и во Декларацијата на Македонскиот народ за неговите црвени линии и Стратегија за сочувување на Името, Идентитетот, Јазикот, културата и Историјата, за тоа дека:

Македонскиот народ и малцинствата со Референдумот од 30 септември 2018 г. извојуваа конечна победа во борбата за одбрана на името и го потврдија сувереното право на самоопределување; дека македонскиот народ бил и останува единствен државотворен народ; дека РМ е национална држава на македонскиот народ, со ум и крв извојувана од македонските револуционери и од македонската партизанска војска во антифашистичката војна 1941- 44 г.; утврдена на АСНОМ и АВНОЈ; признаена на Јалта и на Париската Мировна конференција; потоа на КЕБС; како и од ЕУ преку Бадинтеровата комисија и Уставот од 1991;.

МАКЕДОНИЈА  –  ВЕЧНА!!!  И  БОРБАТА  Е ВЕЧНА!

Во  Скопје, 18 Декември 2018

Потписници:  Невладини организации и поединици (архивирано)

 

Од патриоти во институциите вклучително и безбеносните сили:

Бројни изрази на подршка од вработени во јавната администрација, општините, министерствата и агенциите на Република Македонија. Подршка и од поединци и групи од безбедносните сили, Армијата на РМ и силите на МВР кои се готови да откажат послушност на нелегитимната Хунта. (архивирано)

 

Од одбранбените сили во формирање:

Три групи кои се подготвени да ја бранат Македонија с своите животи изјавија дека се ставаат под команда на Народното Собрание. Една, со кодно име Брегалнички Одред, друга со кодно име Одред Матка, и трета група одговорна за двете диверзантски акции против хунтата, саботажата на трафостаницата на МВР со 24-часовен прекин на струја и диверзантската акција во Самоков.

 

Од Македонскиот народ:

Иљадници пораки со подршка и барање за формирање на Народното Собрание. (архивирани)

 

6 thoughts on “Со Огромна Народна Подршка Народното Собрание Почнува со Преземање на Власта од Нелегитимната Хунта. Повик до Институциите да се Стават под Авторитетот на Народната Власт.”

  1. Согласност и огромна поддршка за сите досегашни и идни активности кои ги преземате за спас на Македонија и опстојување на македонскиот народ, за зачувување на нашиот идентитет, историја, култура, за нов Устав и конечно раскрстување со сите поставени „експлозиви” во највисокиот акт на државата.

  2. Ja podrzavam odlukata donesena od Precedatelot Gspdn Ivanov so sto posto podrshka vo sekoj pogled i aspekt. So pochit i sves za unapreduvanje na samostojna Makedonija da se razviva napred bez E.U. i NATO. Poshtovanje kon vas Roberto Karabatak

  3. На нелегитимната власт и’ се даде дури и премногу време и простор за делување, за остварување на геноцидниот им план. Но, на тој начин длабоко навлезе во документиран мегакриминал за кој мора да одговара пред народот и пред душите на илјадниците жртви за слобода и возобновување на Македонија.
    Ова е најправилниот начин на борба против неправдата, влева надеж и охрабрува. Борбата ни е праведна и ќе победиме. И Господ ќе ни помогне.

Comments are closed.