По интензивни повеќемесечни дикусии со секој од предложените кандидати поединечно, подготвителниот процес за конститурање на Народното Собрание на Република Македонија, кој започна на 19ти Март 2018, од доцна ноќеска на 27ми Октомври преоѓа во активна фаза со формирањето на Иницијативниот Совет на Народното Собрание од 60 делегати составено од врвни професионалци, економисти, финансисти, таксисти, академици, професори и работници, стари и млади, мажи и жени, патриоти и патриотки!
Иницијативниот Состав на Народното Собрание на Република Македонија смета дека се исцрпени сите правни и политички можности за да му се овозможи на Македонскиот Народ низ институциите да си го представи својот глас и волја против анти-уставните дејанија на нелегитимната Хунта. Овие анти-државни и недемократски активности спроти волјата на Македонскиот Народ кулминираа со непочитување на 19ти Октомври од страна на пратениците на сегашниот нелегитимен состав на Собранието на масовно изразената анти-референдумска волја на неуспешниот референдум на 30ти Септември и од таа причина ги донесува следниве одлуки:
- Иницијативниот Состав на Народното Собрание на Република Македонија го овластува Техничкиот Секретаријат на 27ми Октомври 2018 да објави повик за предлагање на делегати од 80-те општини на Македонија и други истакнати личности и патриоти кои заедно со 60те делегати ќе го комплетираат составот на Првото Уставотворно Заседание на Народното Собрание.
- Иницијативниот Состав на Народното Собрание ги усвојува 10те Принципи за обнова на Македонската Државност како свои темелни принципи, кои ќе бидат потврдени на Првото Уставотворно Заседание на Народно Собрание на Република Македонија.
- По комплетирањето на изборот на сите народни делегати и во момент одбран во согласност со развојот на ситуацијата во Македонија ќе биде свикано Првото Уставотворно Заседание на Народно Собрание на Република Македонија!
- Првото Заседание на Уставотворното Народно Собрание на Македонија ќе го Обнови Македонскиот Устав во неговиот изворен дух на АСНОМ-ски и на Уставот од 1991-ва.
- Првото Заседание на Уставотворното Народно Собрание на Македонија ќе ги прогласи ништовни сите одлуки, закони и меѓународни договори донесени и направени од нелегитимните институции од 27ми Април наваму.
- Уставотворното Народно Собрание во соработка со Претседателот на Републиката ќе формира преодна Техничка Влада која ќе обезбеди економски, социјален и безбедносен континуитет и која во рок од 6 месеци ќе организира фер и демократски избори, после што Народното Собрание ќе ја предаде должноста на новиот легитимно избран состав на Македонското Собрание обезбедувајќи континуитет и заштита на уставноста, законите, безбедноста и државноста!
- Во текот на 6те месеци Уставотворното Народно Собрание и Техничката Влада ќе ги пререгистраат сите политики партии и ќе ги забрани оние чии програми се косат со Уставот и Принципите на Македонската Државност.
- Во текот на 6те месеци Уставотворното Народно Собранието и Техничката Влада ќе ги поништи сите лиценци за медиуми и ќе ги предодели на медиуми чии програми се во согласност со Уставот и Принципите на Македонската Државност.
Народното Собрание го црпи својот легитимитет изворно од суверенитетот на народот кој во стотици илјади излегуваше на целогодишните протести од 27ми Февруари 2017, 4ти Март 2018 преку 27ми Април и кои кулминираа на 19ти Јуни 2018 кога Хунтата удри на својот голорак народ и го изгуби правото да биде негов представник.
Иницијативниот Состав на Народното Собрание будно ја следи ситуацијата и е подготвено во секој момент да ја преземе одговорноста за Македонија, да обезбеди континуитет на уставот и државата и зедно со единствента легитимна институција, Претседателот Ѓорѓе Иванов, да го одбрани АСНОМ-скиот карактер и духот на Уставот од 1991ва на Македонија како држава на Македонскиот Народ, и, да му помогне на Претседателот на Република Македонија да организира фер и демократски избори на кои сите анти-уставни и досега изборно непроверени пост-изборни активности ќе бидат изложени на демократска проверка пред Македонските гласачи.
Во меѓувреме Иницијативниот Состав го повикува Македонскиот Народ и институциите да откажат послушност кон нелегитимната квислиншка марионетска власт, да предлагаат кандидати за делегати и заедно со Народното Собрание да ги одбранат уставните и идентитетски темели на нашата државност и нашето вековно постоење како Македонци на своите прадедовски огништа.
Македонија Вечна!
Со почит
Иницијативниот Состав на Народното Собрание на Република Македонија
27ми Октомври 2018
nemam mejl
Почитувана Марика
Може и без мејл на лицето ако го немате.
Предлозите директно на мејл sekretarijat@narodnosobranie.org или на формуларот под контакти.
За Македонија Вечна и Слободна!
Se dobro pisano no nema obrazlozeno lako ova ke se sprovede, na koj nacin moze da se pristapi – priklucime do narodnoto cobranie
Почитуван Љупчо
Со предлози за делегати, со подршка на Народното Собрание и учество во одбраната на социјалните мрежи и на терен.
Пишете директно на мејл sekretarijat@narodnosobranie.org
За Македонија Вечна и Слободна!
…………….
Почитуван Иван. Со цел на тајност на предлозите ве молам да ги доставувате директно на мејл sekretarijat@narodnosobranie.org или на формуларот под контакти.
Поздрав и благодариме на предлозите!
За Македонија Вечна и Слободна!