Македонското Народно Собрание го црпи својот легитимитет од стотиците илјади луѓе што досега излегуваа на протести против нелегитимната самопрогласена власт, од изманипулираниот патриотски контингент на стотици илјади гласови кој беше победник на изборите а сега е непредставен од двете клиентелистички врхушки на двете најголеми Македонски партии во нелегитимно составеното Собрание на Република Македонија.
Во вакви услови на Окупација и криминално, недемократско и нелегално рушење на Асномска Македонија Македонскиот Народ ќе се самоорганизира во Народно Ослободително Движење за возобновување на Македонската државност во 4-та Македонска Република преку овие чекори:
- Македонскиот Народ ќе формира свое Народно Собрание!
- Македонското Народно Собрание ќе Изработи и Прогласи Нов Македонски Устав Базиран на АСНОМ-ските принципи.
- Македонското Народно Собрание го признава легитимитетот на Претседател Ѓорѓе Иванов и бара Македонскиот Претседател веднаш да прогласи вонредна состојба, мобилизација на доброволци, да ја распореди војската и полицијата на границите, по сите градови и клучни сообраќајници со цел зачувување на територијалниот интегритет на Република Македонија!
- Македонското Народно Собрание Бара Претседателот Ѓорѓе Иванов да формира своја Техничка Влада која ќе ги организира итните и предвремени избори со пререгистрација на сите досегашни и идни политички партии а во спротивно Народното Собрание ќе формира своја Влада која ќе организира нови регуларни и демократски избори.
- Бараме Македонскиот Претседател Ѓорѓе Иванов веднаш да го поднесе барањето до Генералното Собрание на Обединетите Нации за признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име!
- Ги повикуваме сите институции, безбедносните структури, армијата, полицијата, јавната администрација да откажат послушност на нелегитимната Хунта и да се придружи кон структурите на Новата 4та Македонска Република.