Браќа и сестри
Со цел подготовките за работата на Првото Заседание на Уставотворното Собрание на Република Македонија да се завршат навреме ве замолуваме до уставната комисија на Народното Собрание да доставувате ваши коментари, предлози, анализи и мислења за зачувување и обновување на Уставот на Република Македонија во духот на АСНОМ и на Уставот од 1991ва година за Македонија како држава на Македонскиот Народ. Уставите на Македонија од 1946, 1974 и 1991 ви се достапни на следниов линк: Историски Документи: Устави на Република Македонија.
Веднаш штом работната верзија на уставната комисија ќе биде подготвена и таа ќе биде ставена на јавна народна расправа. Мислењата и предлозите пишувајте ги во прозорчето за коментари подолу.
За Македонија Вечна и Слободна
Техничкиот Секретаријат на Народното Собрание на Република Македонија
2ри Ноември, Македонија
Почитувани,
1. Во врска со Уставот на Република Македонија, (за подготовката на текстот) со целата своја значајност, мислам дека се губи премногу време. Ние го имаме уставот од 1946 и Уставот од 1991 год. Со тоа само треба да се потврди дека Македонија е држава на формирана од Македонскиот Народ. Во Македонија живеат и други национални малцинства како…
Националните малцинства во Македонија ги почитуваат законите, обележјата и симболите на Република Македонија. Не може Македонскиот Народ да се приспособува на сите поедини барања на национални малцинства во Македонија. На националните малцинства им треба Македонија, на Македонија не им треба национални малцинства. Па така сите кои сакаат да живеат во Македонија и да го јадат македонскиот леб, мора да ги почитуваат македонските закони. Точка! На кого не му одговараат македонските закони слободно може да се преселат во држави каде што им одговараат законите.
2. Дадените Декрети се усвоени од делегатите и треба да се премине кон формално гласање и да се формира техничка влада која ќе работи до новите избори.
3. Во Собранието на РМ, најпрво го заземаат формираните единици од АРМ и МВР под раководство на врховниот командант на АРМ – претседателот.
4. Веднаш по промената на власта, да се избере нов Гувернер на Народна Банка кој веднаш ќе воведе флуктурирачки курс на денарот со еврото според вистинската вредност. НБ на РМ да го преземе управувањето со монетарната политика на РМ. Ова го зборувам од едноставна причина што во секоја земја апсолутен господар е оној кој ги контролира парите. Тој господар ја контролира и индустријата и трговијата. Бенџамин Франклин, во својата биографија има напишано дека војната за независност на Америка е всушност војна за тоа кој ќе ги контролира и издава парите. А Mayer Amshcel Rothscild има кажано: “Дозволете ми да ги издавам и контролирам парите и не ми е битно кој ги пишува законите.“
Другите предлози по воведувањето на новата влада.