Браќа и сестри
Како прво сакаме да ве информираме за покажаната огромна подршка на Македонскиот Народ за Народното Собрание како и интерес за предлагање делегати кое продолжува и понатаму и е можно на следниов линк: Повик за Предлагање Делегати за Првото Заседание на Уставотворното Народно Собрание на Република Македонија
Со цел подготовките за работата на Првото Заседание да се завршат навреме, Иницијативниот Состав работи на подготување на сите потребни документи, на кои ќе ја повикувме јавноста да учествува како на пример: Јавна Народна Консултација за Зачувување, Одбрана и Зајакнување на АСНОМ-скиот Дух во Уставот на Република Македонија. Сите следни нацрт документи, како на пример дел од овие наброени подолу, како што ќе бидат изготвуванни ќе бидат исто така доставувани на јaвна народна консултациија:
- Декрет Бр. 1. Усвојување состав и работни тела, деловник, програма за работа и дневен ред на Првото Уставотворно Заседание на Народното Собрание
- Декрет Бр. 2. Информирање на Претседателот на Републиката за подоготовките за свикување Прво Уставотворно Заседание на Народното Собрание и последователното преземање на законодавната власт од страна на Народното Собрание до новите избори.
- Декрет Бр. 3. Започнување на изработка на Новиот Устав на Република Македонија.
- Декрет Бр. 4. Формирање на Народно-Ослободителни Сили на Република Македонија од Армијата на РМ, Единиците на МВР, Резервниот Состав и Доброволни Патриотски Одреди.
- Декрет Бр. 5. Информирање на Меѓународните Фактори за Преземање на Законодавната Власт од страна на Народното Собрание.
- Декрет Бр. 6. Формирање и назначување на состав на преодна Техничка Влада за спроведување на Уставот и за организирање на новите избори.
- Декрет Бр. 7. Усвојување на политичка, економска, социјална и безбедносна програма за работа и спроведување од страна на преодната Техничка Влада.
- Декрет Бр. 8. Информирање за преземањето на законодавната власт од страна на Народното Собрание и на извршната од страна на Техничката Влада и ставање под контрола на сите Македонски државни органи, агенции, институиции, администрација од општинско до национално ниво.
Во врска со големиот медиумски интерес и барања за интервјуа известуваме дека поради познатите безбедносни причини во услови на окупација на Македонија од страна на нелегитимни надворешни фактори и нивните домашни квислинзи, се до одржувањето на Првото Заседание на Уставотворното Собрание нема да има изјави за медиумите ни интервјуа ниту ќе се објавуваат имињата на делегатите кои се чуваат и ќе се чуваат во најстрога тајност се до Првото Заседание на Уставотворното Народно Собрание на Република Македонија.
За Македонија Вечна и Слободна
Техничкиот Секретаријат на Народното Собрание на Република Македонија
2ри Ноември, Македонија
ОГРОМНА ПОДДРШКА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ И НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!