Повик за Предлагање Делегати за Првото Заседание на Уставотворното Народно Собрание на Република Македонија

ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ ДЕЛЕГАТИ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Иницијативниот Состав на Народното Собрание на Република Македонија на 27ми Октомври 2018 објавува повик за делегирање на представници од 80-те општини на Македонија други истакнати личности и патриоти кои заедно со 60те делегати ќе го комплетираат составот на Првото Уставотворно Заседание на Народното Собрание.

Кандидатите треба да бидат од ков на АСНОМ-ските делегати, патриоти, со високо реноме во своите средини, на кои Македонија и опстанокот на нашиот род им е поважен од се. Кандидатите не смее да бидат политички активни во моментов или пак да бидат лидери на политички партии за Народното Уставотворно Собрание да може да овозможи фер и непристрасна работа во организирањето на новите избори на кои овие партии ќе настапат во рок од 6 месеци.

Бидејќи делегирањето се одвива во неидеални услови туку во услови на окупација и фашистичка нелегитимна Хунта ве замолуваме да не се шират имињата на кандидатите кои ги предлагате. Ве замолуваме за сите кандидати да напишете кратко образложение од кои причини е предложен/а и да доставите и контакт мејл адреса како и телефонски контакт доколу не се работи за широко позната јавна личност.

ВАЖНA ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОНИЕ КОИ ВЕЌЕ ДОСТАВИЈА ПРЕДЛОЗИ: ПОРАДИ ОГРОМНАТА ПОДРШКА И ИНТЕРЕС ЗА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ ВО ПРВИТЕ 48 ЧАСА ИМАШЕ ИЛЈАДНИЦИ ИСТОВРЕМЕНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА ШТО РЕЗУЛТИРА ВО НЕКОИ ОД ПОРАКИТЕ ПРЕКУ ПРОЗОРЧЕТО ДА БИДАТ ОДБИЕНИ ОД СЕРВЕРОТ! ВЕ МОЛИМЕ ПРОВЕРЕТЕ И АКО ВИЕ ИЛИ КАНДИДАТИТЕ НЕ СТЕ СЕУШТЕ КОНТАКТИРАНИ ПРЕПРАТЕТЕ ГИ ПРЕДЛОЗИТЕ!

ЧЕСТИТКИ ЗА ОГРОМНИОТ ИНТЕРЕС И ПОДРШКА!

ЗА МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И СЛОБОДНА!

Предлози на мејл со кликање на линкот: Секретаријат на Народното Собрание или директно на сајтов во прозорчето подолу: