Нацрт Програма и Стратешки Одредници за Продолжување на Развојот на 4-та Македонска Република 2018 – 2030
- Политичка Програма
- Обновување на Македонската Државност и Уставно Уредување во 4тата Македонска Република како Држава на Македонскиот Народ.
- Поништување на Охридскиот и Пржинските договори како вон-уставни и нелегитимни, распуштање на нелегитимнит самонаречени институции, престанување на дејствата на сите од нив донесени анти-уставни одлуки, квазизаконски и квази-регулативни акти произлезени од нив.
- Целосно отфрлање на Тиранската Платформа и сите политички и законски елементи произлезени од неа!
- Прекинување на преговорите за името со Грција и барање за прием во ОН под уставното име Република Македонија а врз основа на одлуката на Меѓународниот Суд во Хаг.
- Поништување на договорот со Бугарија.
- Проширување на стратешката соработка со сите клучни светски и регионални сили, Русија, Кина, Турција, ЕвроАзискиот Економски Сојуз – ЕАЕС, Шангајската Безбедносна Организација – ШОС.
- Задолжително користење на Македонскиот јазик како официјален во сите национални и општински установи и органи на власт со задолжителен тест на знаење на вработените.
- Задолжителна употреба на Македонското знаме како официјално во сите национални и општински установи, институции и органи на власт со казна за непочитување.
- Пре-регистрација на сите политички партии, невладини организации и здруженија на граѓани и забрана на работа на сите тие кои имаат анти-уставни програми или дејствија.
- Пре-регистрација на сите печатени медиуми и Национални и локални радио и ТВ станици кои користат национална фреквенција како јавно добро.
- Забрана на делување на странски општествени, религиозни и други организации чии програмски цели и дејствија се анти-уставни и забрана на финансирање од нивна страна на домашни агенти.
- Забрана на финансирање од странство на домашни медиуми од странски и домашни извори чија цел е ширење туѓа анти-македонска пропаганда на политичка, национална и верска основа.
- Забрана за ширење на национална и верска омраза вклучително и забрана на работа и влез во земјата на вахабистички религиозни лица спонзорирани од странство.
- Преиспитување на доделување на Македонско државјанство на Косовски и други граѓани од 1991 наваму и одземање на неправилно доделени државјанства.
- Попис на населението според меѓународна статистичка методологија.
- Економска Програма
- Примена на економските политики за економски развој преку мешан модел на странски и домашни јавни и приватни инвестиции за отворање на квалитетни работни места, подршка на извозот, слободните економски зони, инвестиции во инфраструктурата, здравството, образованието,земјоделството, туризмот, информатиката, одбраната и социјалата.
- Подршка на развојот на домашни големи, мали и средни предпријатија, конкурентни и поврзани со светскиот пазар, како и подршка за домашните индивидуалните предприемачи како земјоделци, сточари, трговци, таксисти, занаетчии итд.
- Имплементирање на секторни развојни планови за земјоделство, туризам, лесната индустрија, енергетика, транспорт, информатика и телекомуникации.
- Промоција на иновациите и растот на продуктивноста, достап до најнови технологии, конкурентно образование, зголемена конкурентност на светско ниво, достап до светските пазари.
- Економска соработка со сите држави и економски блокови вклучително Русија, Кина, ЕУ, ЕвроАзискиот Сојуз, БРИКС, Новиот Пат на Свилата, Пат и Појас, и поврзување и вмрежување во постојните и новите светски транспортни, информатички, трговски и енергетски коридори.
- Издигање на мандатот на сегашните анти-корупциски органи до ниво на Анти-Корупциски Цар кој со тим соработници ќе има достап до сите пре-тендерни процеси од национално до општинско ниво со мандат да поништи тендер ако има сомневање за неправилности.
- Формирање на Општествени Совети за секое министерство или агенција составени од граѓани, професионалци од таа и други слични сфери ангажирани на про-боно основа. Општествените Совети немаат вето функција, но секое министерство и агенција ќе мора да се одчитува пред нив за минатата, тековните и планираните работи, двајќи им значајна надзорна, консултативна, советодавна улога која ќе ја зголеми транспарентоста и отченоста на извршната власт.
- Национална Безбедност
- Во кризни ситуации како што е оваа Претседателот Иванов да ги искористи неговите уставни ингеренции за делумна или полна мобилизација на војската на основа на доброволно пријавување на патриоти и распоредување на границите и кључните точки во земјата.
- Итна и целосна модернизација на Македонската Армија и обновување на вооружувањето, воената техника, логистиката итн.
- Воведување на едномесечна доброволна воена обука на сите на возраст од 18 – 55 години.
- Социјални Прашања
- Продолжување и проширување на програмите за подршка на ранливите категории, невработени, пензионери, самохрани родители, многудетни семејства, болни, изнемоштени лица.
- Образование, Наука, Спорт и Уметност
- Модерно и светско образование базирано на задолжително подигање на Македонската самосвест и гордост од основно до високо образование.
- Промоција на Македонскиот академски, културен, спортски и уметнички раст до светско ниво.