Итни и Клучни Цели и Оперативен План за Нивно Решение и Излез од Уставната Криза во Македонија во текот на 2018 година.
Основна Движечка Цел е Заштитата и Опстојот на Македонскиот Народ и Македонската Суверена, Независна, Унитарна и Правна Држава со Сите Нејзини Атрибути. Народното Собрание не дозволува легитимирање на никаков незаконски и анти-уставно поставени, инсталирани, нелегитимни и нелегални парламент и влада, парламентарно мнозинство и влада, дојдени на власт со кршење на Уставот на РМ и на недемократски начин, со насилие и окупација, што по дефиниција се нарекува Хунта. Народното Собрание ГИ ПОВИКУВА сите субјекти и граѓани ДА СЕ ПРИДРУЖАТ во МАКЕДОНСКАТА ОСЛОБОДИТЕЛНА ОДБРАНА ОД НАТРАПНИЦИТЕ И ОКУПАТОРСКАТА ДИКТАТУРА И ДА СЕ ВГРАДАТ ВО ВОЗОБНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВНОСТ ВО 4–та МАКЕДОНСКА РЕПУБЛИКА.
Народното Собрание работи врз основа на следниве стратешко-оперативни документи:
А) Основни Принципи на Македонската Државност за 4-та Македонска Република,
Б) Нацрт Програма и Стратешки Одредници за Продолжување на Развојот на Република Македонија 2018 – 2022,
В) Македонска Доктрина на Развој, и
Г) Итни и Клучни Цели и Оперативен План за Излез од Кризата во Македонија во 2018 година.
Д) Статут на Народното Собрание.